Во земјата на луксузот и парите дури 70 отсто од компаниите ќе стават клуч на врата

Економијата на Дубаи, која е најдиверзифицирана и најнезависна од приходите од нафтата во Персискиот залив, се потпира на секторите угостителство, туризам, забава, логистика, недвижности и малопродажба.

Запрепастувачки 70 проценти од компаниите во Дубаи очекуваат дека во наредните шест месеци ќе ги затворат своите бизниси, бидејќи пандемијата од Ковид – 19 и мерките за ограничување на движење воведени поради вирусот ја намалија побарувачката, покажуваат резултатите од најновото истражување, објавено денеска, спроведено од Економската комора на Дубаи.

Дубаи / Фото: Unsplash

Институцијата анкетурала 1.228 генерални директори во голем број сектори во периодот од 16. до 22. април, за време на најригорозните мерки за ограничување на движењето на луѓето, а дури три четвртини од анкетираните биле мали претпријатија со помалку од 20 вработени, пренесува „Си Ен Би Си“.

Празни улици во Дубаи / април 2020 / Фото:EPA-EFE/MAHMOUD KHALED

Повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека се под закана на умерен или висок ризик да стават клуч на своите бизниси во наредните шест месеци. Поточно, околу 27 проценти рекле дека очекуваат дека ќе ги затворат фирмите наредниот месец, а 43 отсто дека тоа би го сториле во наредните шест месеци.

 EPA-EFE/MAHMOUD KHALED

Економијата на Дубаи, која е најдиверзифицирана и најнезависна од приходите од нафтата во Персискиот залив, се потпира на секторите угостителство, туризам, забава, логистика, недвижности и малопродажба.

Волонтери организираат хуманитарен ручек за најранливите / Фото: EPA-EFE/MAHMOUD KHALED 

Хотелите и рестораните во оваа земја имаат висока репутација, а речиси половина од нив, кои се нашле во анкетата на комората, очекуваат дека ќе престанат со работа веќе наредниот месец.

Дубаи / Фото: Unplash

Портпаролот на Комората сепак вели дека анкетата е спроведена на 1.228 компании од вкупно 245 илјади и тоа во временски период кога рестриктивните мерки беа најстроги, и дека нивните ставови се базирале врз очекувањата дека најстрогата фаза на рестриктивни мерки ќе биде продолжена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот