Во вооружен инцидент повреден обвинителот на Драч

Три лица, меѓу кои и обвинителот на Драч, Арјон Ндоја, се повредени доцна попладнево, откако неидентификувани напаѓачи, во близна на градот, кај надвозникот во Шкозен, пукале во возило што се движело од Драч кон Тирана.

Според албанските медуми во возилото во кое бил обвинителот било пукано од возило во движење марка „Мерцедес бенц”.

Полицијата постави контролни пунктови на неколку места на плажите во Драч и интензивно ги бара напаѓачите. Откако во градот престојуваа висок полициски раководители вклучена е специјлната единица „Ренеа”.

Медиумите додаваат дека најверојатно цел на нападот бил Ндоја, кој во неколку наврати постојано се поврзуваше со организираниот криминал, за што зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Двете други лица, кои биле во возилото со обвинителот и се познати на полцијата како лица од криминалниот свет.

Арјан Твани, лекар од ургентниот центар во регионалната болница во Драч, за телевизијата Њуз 24 изјави дека Ндоја има фрактура во пределот на рамото и оти е вон животна опасност. Едниот од повредените поради тешката состојба е префрлен во Тирана, додека другиот кој има повреди во пределот на главата по оперативниот зафат се уште е во загржувачка здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот