Во училиштата низ Гази Баба од денес започна интонирањето на македонската химна

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски / Ивор, Фејсбук

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во посета на ООУ Кирил и Методиј во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Македонија.

„Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали нозе ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина. Сметам дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата мила Македонија“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот