Во Таџикистан ќе бидат амнестирани 20.000 лица по повод одбележување на уставниот празник

Парламентот на Таџикистан изгласа амнестија за повеќе од 20.000 лица осомничени, обвинети или осудени за кривични дела, а по повод одбележување на уставниот празник.

Амнестијата, иницијатива на долгогодишниот претседател Емомали Рахмон, е најголема во постсоветската историја и со неа се одбележува 25-годишнината од Уставот на земјата, донесен во 1994 година. Денот на Уставот се празнува на 6 ноември.

Прес-службата на парламентот соопшти дека со амнестијата ќе бидат опфатени и граѓаните кои биле прогонувани затоа што стиснале „ми се допаѓа” екстремистичката содржина на социјалните медиуми.

67-годишниот Рахмон дојде на власт за време на петгодишна граѓанска војна што избувна непосредно по независноста на земјата во 1992 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот