Во светот аплицирани над 2.04 милијарди дози вакцини против ковид-19

вакцинација против ковид
Вакцинација против ковид. / Фото Архива на Слободен печат

Досега во светот се дадени повеќе од две милијарди и 49 милиони дози на вакцини против Ковид-19, пренесува Анадолија.

Земјата со најмногу вакцинирани лица е Кина, каде се администрирани повеќе од 723,48 милиони дози вакцини против Ковид-19, според податоците на веб-страницата „Ourworldindata.org”. Следат САД со 297,72 милиони дози, следени од Индија 224,1 милиони, Бразил 68,92 милиони, Велика Британија 66,18 милиони, Германија 53,4 милиони и Франција со 38,08 милиони.

Сејшелите се земја со најмногу дадени дози на 100 жители (136,74), потоа следат Обединетите Арапски Емирати (133), Сан Марино (126,51 доза), Малта (122,57 дози) и Израел (122,37 дози).

Турција е на десеттото место со најмногу вакцинирани граѓани. Податоците од турското Министерство за здравство покажуваат дека биле администрирани 30.011.072 дози вакцини против ковид-19. Втората доза е дадена на 12.868,585 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот