Во Стокхолм ситуацијата забрзано станува критична: Расте бројот на жртвите во Шведска, следуваат поригорозни мерки

Фото: Profimedia

Андерс Тегнел, главниот шведски епидемиолог, ја опиша стратегијата за борба против коронавирусот како обид да се „забави ширењето на инфекцијата и здравствените установи да не бидат преотоварени“, и укажа на важноста, населението да стекне имунитет.

Шведската влада работи на новиот закон кој ќе овозможи премена на „вонредни мерки“ за сузбивање на ковид – 19, поради стравувањето дека релативно благиот пристап ќе предизвика зголема стапка на смртност отколку во другите нордиски земји.

Данска и Норвешка воведоа построги мерки за изолација, затворени се училиштата и продавнците кои не се од витално значење, додека Финска ја стави во карантин главната урбана област околу Хелсинки. Наспроти тоа, Швеѓаните и натаму одат во шопинг, во ресторани, по фризери, додека децата помлади од 16 години одат на училиште.

Шведска во неделата пријави вкупно 401 смртен случај предивикан од ковид-19, признавајќи дека вистинската бројка поради каснењето во известувањето, веројатно е поголема. Тоа е раст од 8 отсто во однос на саботата и поголем е отколку во сите три нордиски соседни земји заедно. Во Шведска бројот на жртви на милион жители изнесува 37, во Данска 28, Норвешка 12 и Финска 4,5.

По жестоките критики на опозициските партии, владата предводена од социјалдемократите се откажа од плановите објавени на почетокот на викендот за управување по пат на декрети т.е. без благослов на парламентот.

Во склад со новиот закон, кој би требало да биде предложен следниот викенд, владата ќе мора да се консултира со парламентот Риксдаг пред да воведе било каква ургентна мерка, како што е затворање на аеродроми, железнички и автобуски станици, продавници и ресторани, исто така и ограничувања на јавните собири или набавка на медицинска опрема, соопшти државната телевизија СВТ во неделата.

Андерс Тегнел, главниот шведски епидемиолог, ја опиша стратегијата за борба против коронавирусот како обид да се „забави ширењето на инфекцијата и здравствените установи да не бидат преотоварени“, и укажа на важноста, населението да стекне имунитет.

– Многу е важно да имаме политика која ќе се уважи во текот на подолг период, што значи дека ќе останеме дома, ако сме болни. Заклучувањето на луѓето дома нема да функционира на долг рок. Пред или подоцна, луѓето ќе почнат да излегуваат, без оглед на забраната – изјави неодамна.

Тој минатата недела призна дека кривата на раст на заразата во Шведска „станува се пострмна“, но и истакна дека и натаму е „релативно рамна“.

Иако Шведска ги затвори гимназиите и го забрани собирањето на повеќе од 50 луѓе, премиерот Штефан Лефвен се потпира на шведското „чувство на граѓанска одговорност, па првенствено апелира, а не наредува да се избегнуваат непотребните патувања, да се работи од дома и да не  излегуваат оние кои имаат над 70 години  или се чувствуваат лошо“.

Ваквиот пристап до сега беше популарен меѓу гласачите, но стратегијата се најде на удар на жестоки напади на одредени здравствени експерти. Стеван Хансон, угледен шведски инфектолог, изјави дека ситуацијата се уште не е изгубена, „но во Стокхолм работата забрзано станува критична“, обвинувајќи притоа дека виновна е „многу збрканата и нејасна политика, без јасни цели освен обиди да се заштитат постарите од 70 години и да се воведат благи мерки за социјално дистанцирање“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот