Во среда авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Прскање против комарци / Фото; МИА

Градот Скопје во среда на 10 јуни на подрачјето на градот ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција, против ларви од комарци, информираат од прес службата на Град Скопје. Првично, како што е наведено во соопштението, во раните утрински часови на 10 јуни ќе се врши авионската дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Потоа истиот ден во период од 08:00 до 17:00 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, појаснуваат од Град Скопје.

Воедно оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот