Во Словенија расте бројот на новозаразени со коронавирусот

Вкупниот број инфицирани лица во земјата изнесува 1.124.

Нови 33 нови случаи на лица заразени со коронавирусот се регитрирани во Словенија. Во споредба со вчерашниот ден бројот на нови случаи бележи намалување.

Вкупниот број инфицирани лица во земјата изнесува 1.124.

На болничко лекување поради Ковид-19 се наоѓаат 108 пациенти, а од нив 34 се на одделите за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа оздравени и отпуштени од болница се осум лица.

Бројот на починати поради коронавирусот се зголеми за три. Досега во Словенија се регистрирани вкупно 43 смртни случаи како последица од вирусот. Најголем дел од починатите се лица постари од 65 години кои имале дополнителни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот