Во Скопје 328 сообраќајни прекршоци, 97 за брзо возење

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На територијата на Град Скопје вчера изречени се вкупно 328 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина – 97 санкции, 26 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се 26 санкции за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас, шест прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возач почетник, 70 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот