Во Шутка им ги избричија главите на осомничените за убиството на Вања и Панче – нема фризури за вакви кривични дела

Осомничените за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски вечерва беа спроведени во кривичниот суд со забележително променет изглед. Притворот ќе им биде продолжен уште 30 дена на Велибор Манев, на Влатко Кешишов, на Боре Видевски и на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Сите се осомничени дека учествувале во грабнувањето на девојчето и соучесници односно помагачи во убиството.

Кога осомничените беа спроведени во судот, евидентно беше дека сите се со избричени глави и носат еднобојни комбинезони.

Не толерирам фризури во истражниот затвор за сторителите на вакви тешки кривични дела и не се толерира облека со некакви ознаки на неа, изјави за 360 степени директорот на затворот Филип Андов. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот