Во Штип опожарено едно возило, друго делумно оштетено

Фото: МИА

Во Штип рано изутринава во 5:40 часот на улицата „Сремски фронт” на паркинг просторот меѓу двете станбени згради е опожарено едно возило, а друго е делумно оштетено.

Емир Чавиров сопственик на возилото марка „мрецедес” вели дека Противпожарната служба веднаш пристигнала, но возилото за кратко време е целосно изгорено. Вели дека нема никаква причина, ниту пак непријатели за да му наштетат и да му направат вакво злодело. Очекува полицијата да ги најде сторителите на намерното палење на неговиот автомобил. Смета дека сега автомобилот, а утре може и некој да загине при вакво палење на возилата во Штип.

МИА пред неколку дена информираше за палење на три возила и на две делумно оштетени во штипската наслеба Сењак. Според доказите и во тој случај станува збор за намерно палење на автомобилите со запаливи течности.

Според статистичките податоци на Противожарната служба опожарени се 20 возила во штипскиот регион од почетокот на годината па досега, а службите на СВР Штип треба да излезат со конкретни податоци колку од возилата се случајно запалени, а колку од нив се дело на пиромани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот