Во Северна Кореја се одржуваат локални избори

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Во Северна Кореја денеска се одржуваат локални избори, а првпат во некои изборни единици имаат повеќе од еден кандидат, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Локални избори во Северна Кореја се одржуваат на секои четири години и се сметаат за формалност, бидејќи сите кандидати се избрани од владејачката Работничка партија на Северна Кореја.

Ќе се избираат нови членови на владините тела на ниво на провинција и град. Бројот на членовите на локалната власт е пропорционален на населението во секоја област

Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека тоа што во некои изборни единици има два кандидати не значи промена на изборниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот