Во САД за првпат регистрирани над 300.000 новозаразени со ковид-19 за 24 часа

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови позитивни случаи на ковид-19 во последното деноноќие, пренесуваат тамошните медиуми. 

Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект”, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера.

Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период од една недела.

САД имаат најголем број заразени во светот од почетокот на пандемијата. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, таа цифра е – 21,8 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот