Во САД регистрирани милион случаи на новозаболени од Ковид-19 во еден ден

САД Ковид-19 криза/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување.

Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските медиуми.
Во текот на изминатата недела, просечниот број на новозаразени изнесувал 486.000 дневно, а тој број е двојно зголемен за седум дена. Меѓу 978.856 новозаразени во понеделникот, се наоѓаат и некои случаи од саботата и неделата, бидејќи многу држави не известуваат за време на викенди.

Просечниот број на смртни случаи од Ковид-19 во САД сè уште е прилично стабилен и се движи околу 1.300 дневно.

Според податоците на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болници, минатата недела се регистрирани повеќе од 325.000 заразени деца, што е речиси двојно повеќе од пред две недели.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека омикрон засега предизвикува полесни форми на болеста. Сепак, здравствените власти предупредуваат дека бројот на заразени со омикрон го загрозува болничкиот систем, кој веќе е оптоварен со пациенти заболени од Ковид, главно невакцинирани лица.

Белата куќа вчера соопшти дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги финализира договорите за 500 милиони брзи тестови за коронавирус кои планира да им ги подели бесплатно на Американците со цел да се намали притисокот врз местата за тестирање.

Дополнително, администрацијата двојно ја зголеми нарачката за антивирусен лек на Фајзер против Ковид-19.

>Здравствените власти нагласуваат дека вакцинациите и дополнителните дози остануваат најдобриот начин да се избегнат тешките форми на болеста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот