Во сабота прва миса во Нотр Дам по пожарот

Фото: Принтскрин

В сабота првпат ќе се одржи богослужба во катедралата Нотр Дам во Париз по катастрофалниот пожар кој ја зафати пред два месеца.

Мисата ќе биде отслужена од архиепископот на Париз во параклис, каде бројот на присутните ќе биде ограничен поради безбедносни мерки.

Ќе присуствуваат околу дваесетина лица, меѓу кои свештеници од катедралата, која беше уништена од голем пожар на 15 април.

– Ќе биде емитуван телевизиски пренос од мисата, со цел да го следат католичките верници – појасни Париската епархија.

Таа очекува одговор од градските власти дали плоштадот пред катедралата ќе биде достапен за посетители

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот