Во руски воздушни напади врз две бази во Сирија убиени 200 милитанти

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI / илустрација

Околу 200 милитанти се убиени во напади на руските воздушни сили врз две бази во близина на археолошкиот локалитет Палмира во Сирија, соопшти заменик директорот на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Александар Карпов.

Околу 200 милитанти се убиени во напади на руските воздушни сили врз две бази во близина на археолошкиот локалитет Палмира во Сирија, соопшти заменик директорот на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Александар Карпов.

Тој додаде дека во нападот биле уништени околу 500 килограми воена опрема, како и значително количество оружје, муниција, возила и компоненти за производство на експлозивни направи.

-Врз основа на разузнавачки информации, утврдено е дека милитантите поставиле тајна база во близина на Палмира за обука на групи за извршување терористички напади во различни делови на земјата и производство на експлозивни направи, рече Карпов, пренесен од Тасс.

Карпов додаде дека милитантите подготвувале терористички напади врз владините институции во поголемите градови пред претседателските избори закажани за 26 мај.

Тој истакна дека милитантите тренирале на локации што не се контролирани од сириската Влада, вклучувајќи и ја зоната Ал-Танф, која е под контрола на САД. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот