Во Реал ништо ново, повторно кавга меѓу Зидан и Перез за засилувањата

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Откако Зинедин Зидан по втор пат седна на клупата на „кралскиот“ клуб, во секој преоден рок има несогласувања со тврдоглавиот претседател околу трансфер политиката.

Флорентино Перез не отстапува од своите замисли за кои играчи треба да го носат дресот на Реал Мадрид и не дозволува да тренерите да му вршат притисок кога станува збор за трансфер политиката. Тој често на своја рака, без консултација со тренерите носеше фудбалери, а најдобар пример за тоа е Герет Бејл, но сега се најде во кавга со Зидан.

Французинот кога се согласи по втор пат да седне на клупата на Реал Мадрид бараше тој да го има последниот збор за засилувањата, а Перез начелно се согласи со тоа. Но, неутралноста на Перез траеше до првиот преоден рок минатото лето кога одби да ја послуша молбата од Зидан и да го купи Пол Погба.

Овој пат Зидан и Перез влегоа во нов клинч поради фудбалери на Ливерпул.
Претседателот на Реал Мадрид не крие дека голема желба му е да го ангажира Мохамед Салах, но Зинедин Зидан инсистира дека Садио Мане би бил далеку покорисен за тимот и би претставувал идеален наследник на Карим Бензема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот