Во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај „Карпалак“

Заседата кај Карпалак на 08.08.2001 година во која загинаа 10 припадници на АРМ/Фото: ALEXANDER NEMENOV / AFP / Profimedia

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ почнаа одбележувањата на 22-годишнината од загинувањето на 10 прилепски воени резервисти кај месноста „Карпалак“. Прилепските резервисти загинаа во заседата на армискиот конвој на патот Скопје-Тетово.
Владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп, каде ја посети и спомен-собата.
Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

Испратени се пораките дека бранителите нема да бидат заборавени, а 2001-ва никогаш да не се повтори. Според здружението „Карпалак“, политичкиот систем никогаш нема да ги реши отворените прашања за бранителите кои загинаа и за оние кои го преживеаја воениот конфликт во 2001-ва.

Кај месноста Карпалак во 2001 година, во оружен конфликт загинаа десетте припадници на резервниот состав на Армијата: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот