Во пресрет на верскиот празник Рамазан: Турција ги заострува рестриктивните мерки и воведува „полициски час“ за викендите

Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT

Турција ќе воведе „полициски час“ за време на викендот во некои провинции и ќе ги засили санитарните мерки пред муслиманскиот свет месец Рамазан, поради нагло зголемување на бројот на заразени со ковид-19.

Бројот на инфицирани лица во Турција во последниот месец е зголемен за трипати на дневна основа, а смртните случаи се околу 150, додека на почетокот на месецот нивниот број беше околу 60.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека 58 од 81 турска провинција сега се означени како „црвена” или „многу ризична” зона и дека „полициски час“ ќе биде воведен за време на викендите, а во цела држава ќе продолжи ноќниот „полициски час“ на национално ниво.

До почетокот на март имаше само 17 провинции во „црвената” зона.

Рамазан почнува на 13 април, а ќе можат да работат само рестораните и кафулињата кои нудат храна за носење.

Во Турција вчера се регистрирани околу 32.400 новозаразени лица, со што вкупнниот број на заболени изнесува 3,2 милиони, од кои починаа 31.000.

Околу 15 милиони луѓе примија една, а приближно 6,7 милиони луѓе во Турција примија две дози на вакцина против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот