Во овој град во Шпанија нема ниту еден заболен од коронавирус

Јужниот шпански град Захара и по два месеца од појавата на пандемијата на коронавирусот, нема регистрирано ниту еден заболен од Ковид -19 вирусот. Градот кој се наоѓа на голема надморска височина, над руралниот регион на Андалузија, како што наведува американската телевизиска мрежа СНН станува непроценливо богатство за Шпанија која е речиси целосно зафатена од коронавирус епидемијата.

Според СНН, градоначалникот на Захара ,по веста за појавата на Ковид во Шпанија, веднаш ги блокирал сите приоди кон градот, така ставајки ги во карантин сите 1400 постојани жители . Одлуката за затворање на градот градоначалникот ја донел веднаш откако  владата во Мадрид нареди воведуање вонредна состојба во земјата.

Фатктот дека и по два месеци меѓу граѓаните не е регистриран ниту еден заболен, покажува дека потегот на градоначалникот бил правилен, а за својата одлука имал и голема подршка од сите граѓани на Захара.

Според податоците , една четвртина од населението во градот е на возраст од над 65 години, старосна група која се покажа како најранлива категорија од коронавирусот.

Во околните градови, каде не бил воведен ваков карантин, регистрирани се голем број на смртни случаи како последица од инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот