Во Ниш произведен првиот српски тест за Ковид-19

„Наиса” е систем составен од апарат и тестовите и го носи името според античкиот град Наис сус, на чие место денес е градот Ниш.

Првиот српски тест за новиот коронавирус произведен е во Ниш, а масовното производство треба да започне од утре, кога се очекува дозвола од Агенцијата за лекови и медицински помагала, изјави за Танјуг директорот и сопственик на НеоМедика, Саша Тричковиќ.

– Првиот српски тест е завршен. Развојот е завршен и ние сме подготвени – рече Тричковиќ, додавајќи дека широко производство би започнало веднаш по одобрението од Агенцијата за лекови.

Во моментов, капацитетот на производство е 1.500 тестови на ден во една смена, а доколку е потребно ќе се воведе и втора смена во фабриката.

„Наиса” е систем составен од апарат и тестовите и го носи името според античкиот град Наис сус, на чие место денес е градот Ниш.

Во развојот на апаратот, кој покрива цел спектар на заразни и други болести, започна пред четири години, додека идејата за спроведување на тестот за Ковид-19 дојде со појавата на првите случаи на коронавирус во кинескиот град Вухан, од каде епидемијата се прошири во светот.

– Се користат биолошки материјали и референтни примероци … Исто така, нашиот метод се споредува со признати референтни методи, меѓу кои и класичниот Елиза (тест Елиса), ПЦР … – вели раководителката на производството на имунохемија во НеоМедика Милена Милојевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот