Во недела Сити славеше титула, а сега стравува од казна

„Граѓаните“ се фаворити и сезонава за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Манчестер сити во неделата ја освои титулата во Премиер лигата, но нема многу врема за радост бидејќи се соочува со можна казна од страна УЕФА.
Според весникот „Њујорк тајмс“, УЕФА треба да им забрани настап на „граѓаните“ во ЛШ идната сезона или евентуално казната да важи за сезоната 2020/21. Причината за ова тврдење на весникот е бидејќи англискиот клуб ги прекршил правилата на финансискиот фер плеј.

Веќе се води истрага против „граѓаните“ поради неколку прекршоци на финансискиот фер-плеј уште од март.
Манчестер сити во 2014 година беше казнет со 60 милиони евра поради непочитување токму на овие правила, а клубот мораше да регистрира само 21 фудбалер за ЛШ, наместо предвидените 25 играчи.

– Обвинувањата за финансиски неправилности се лажни. Клубот ја објави состојбата и сите детали се пополнети и притоа не прекршуваат ниту едно правило – стои во соопштението на Сити.

Голем дел од обвинувањата за финансиски измами и кршења на правила против Сити се појавија во документите на „Фудбал ликс“, во кои беше објавено дека Манчестер сити внесувал пари на нелегален начин во нивната сметка преку спонзорски договори од Обединетите Арапски Емирати.

Во документите кои беа објавени се наведуваше дека спонзорот „Итихад“, како што се вика и стадионот на Сити, донел само осум милиони фунти во сметката на „граѓаните“, а останатите 59,5 милиони фунти биле внесени во клубот преку корпорација, која е во сопственост на шеикот Мансур, кој пак е и сопственик на Сити.

Весникот пишува Манчестер сити тешко ќе се спаси од казна, иако можеби би била само парична, но нема да се спаси како ПСЖ. Францускиот тим е во сопственот на емирот од Катар, семејството Ал-Тани, но претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи од оваа година е дел од извршниот одбор на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот