Титулата во Премиер лигата за Манчестер сити

„Граѓаните“ се фаворити и сезонава за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Манчестер сити по шести пат во клупската историја или четврти во последните осум години е шампион во Премиер лигата. Сити со триумфот од 4:1 на гостувањето кај Брајтон, најлудата сезона во Премиер лигата ја заврши со 98 бодови, само еден повеќе од второтопласираниот Ливерпул кој пред своите гледачи го совлада Вулверхемптон со 2:0.

Манчестер сити сезоната ја заврши со 32 победи, четири порази и два нерешени исходи и со неверојатна серија од 14 триумфи во низа.


Стартот на натпреварот не навестуваше триумф на „граѓаните“, во 27 минуѕа одбраната на Сити киксна и му дозволи на Мари да му донесе водство на Брајтон.
одговорот дојде во следниот напад, Серхио Агуеро кој измрани на 1:1, а Лапорт во 38 минута донесе водство од 1:2. Во вториот дел, „граѓаните“ рутински со головите на Марез и Гундоган го приведоа натпреварот до крајот.

На Ливерпул не му помогна победата од 2:0 над Вулверхемптон, на крајот мора да се задоволи со второто место со само еден бод помалку.


Место во лигата на шампионите за следната сезона, обезбедија и екипите на Челси и Тотенхем, кои ремизираа со Лестер односно Евертон.

Најголемо разочарување сезонава е Манчестер јунајтед, кој како што ја почна така и ја заврши сезоната, со пораз. „Црвените ѓаволи“ се поразени пред своите гледачи со 0:2 од испаднатиот Кардиф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот