Во МОБ имало тужби за неплатени икебани од пред десет години, откри Костадиновска-Стојчевска

Национална опера и балет / фото: Википедија

„Кон крајот на август, пред почетокот на есенската програма Националната опера и балет беше блокирано поради стари долгови и извршни решенија. Во Опера и Балет имаше долгови од проект за реновирање на салата, како и тужби од 2012 до 2014 година за неплатени икебани, неплатени сметки кон адвокатски друштва и слично“, изјави вечерва министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на Сител ТВ.

Таа додаде дека во тој момент овие долгови стигнале до извршител и морало да се платат, поради што Министерството за култура побарало Владата да му излезе во пресрет.

„Владата ни излезе во пресрет и ни додели финансиски средства со што ги одблокиравме трите институции. Изминатата 2022 година ја завршивме со подмирени сметки и Министерството за култура во 2023 влезе со 0 денари пренесени обврски“ изјави Костадиновска Стојчевска.

Министерката кажа дека со Буџетот за 2023 година се предвидени сите средства за платите за културните работници за цела година, како и дека се обезбедни повеќе средства за комуналните давачки на културните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот