Во Мјанмар запленети метамфетамини и друга дрога во вредност од повеќе милиони долари

Првпат е откриено толкаво големо количество на метилфентанил во Југоисточна Азија. 

Полицијата на Мјанмар заплени најголемо количество на илегални супстанци во Азија во последните неколку децении, во вредност од повеќе милиони долари.

– Запленети се речиси 200 милиони метамфетамински таблети, повеќе од 500 килограми кристал метамфетамин и 35,5 тони и 163.000 литри хемиски супстанци што се употребуваат за производство на дрога, се наведува во соопштението на мјанмарските власт и Канцеларијата на Обединети нации за дрога и криминал.

Исто така запленети се и речиси 3.750 литри течен метилфентанил, што се употребува за производство на синтетичката дрога фентанил.

Во акцијата приведени се 33 осомничени лица.

Првпат е откриено толкаво големо количество на метилфентанил во Југоисточна Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот