Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за три предмети

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Талир”, „Трезор” и „Шпион”.

Во случајот „Талир” обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Прочитајте и...  Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Во „Трезор” првообвинeт е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во судот за денеска е закажано и рочиште за предметот „Шпион”. Во првостепена постапка за овој случај беа осудени сите 19 обвинети. Највисока казна затвор доби прво осомничениот Марјан Ефремов, а меѓу осудените за соработка со странски тајни служби се и екс генералот на единицата „Лавови”, Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во УБК, Александар Диневски.

Прочитајте и...  Возач на автомобил удри во петгодишно дете

Прочитај повеќе

Возач на автомобил удри во петгодишно дете

Паднал од мопед и се повредил

Тројца повредени откако „југо“ удри во бетонска ограда

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори

Слободен печат

Во Куманово пронајден починат 22-годишен мигрант

Слободен печат

Приведени „диви тркачи“ од скопските улици

Слободен печат

Скопјанец починал откако се повредил работејќи во дворот на својата викендичка

Слободен печат

Кумановка натепана од својот сопруг

Слободен печат

Работник на ЕВН паднал од електричен столб, со тешки повреди пренесен е во болница

Слободен печат