Во Кичево протести против поскапувањето на струјата

На градскиот плоштад во Кичево денеска се одржа мирен протести против поскапувањето на струјата.

На протестот беа вклучени поголемиот дел од месните заедници на општина Кичево и многу други граѓани без политички обележја, кои отворено дадоа подршка на иницијативниот одбор за протести против поскапувањето на струјата.

Интересно во знак на подршка поголемиот дел од угостителските објекти се приклучија на протестот и ги затворија своите локали од 18 часот до 18: 30.

Организаторите на протестот кој се одвиваше под мотото  „И Кичево протестира против ЕВН” , посочуваат дека тие се организирале како реакција на поскапувањето на струјата и немаат никаква политичка позадин , едноставно барањата се од социо- економски карактер.

Тие бараат поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика.

Тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот