Во Јапонија 1.540 новозаразени, рекордно зголемување во Токио

Јапонки/Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Вчера во Јапонија се регистрирани 1.540 нови случаи на коронавирусот, со што трет ден по ред има по повеќе од илјада заразени, но нема нови смртни случаи.

Како што соопшти денеска јапонското Министерство за здравство, вчера во Токио се регистрирани 472 нови случаи, што е најголемото дневно зголемување досега забележано во јапонскиот главен град.

Од почетокот на епидемијата во Јапонија се потврдени вкупно 37.401 случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати изнесува 1.024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот