Во Италија денеска пораст на бројот на починати и заразени од коронавирус

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Во земјата со 60 милиони жители, тестирани се милион и 550 илјади граѓани.

Во Италија денеска нов пораст на бројот на починати и заразени – 369 починати во однос на вчерашните 236 и 1.444 новозаразени во однос на вчерашните 1.075, соопшти националната Агенција за цивилна заштита, извести Ројтерс.

Од избивањето на епидемиајта на 21. февруари починаа 29.684 лица што Италија ја смести на трето место по бројот на заболени во светот, зад САД и Велика Британија.

Бројот до денеска на потврднеи случаи заразени од коронавирус во Италија изнесува 214.457, но бројот на пациентите во тешка состојна денеска е 1.333 што е помал од вчерашните 1.427.

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека до денеска се тестирани милион и 550 илјади луѓе во Италија која има 60 милиони жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот