Во Италија би ги „убиле“ Покетино и Клоп

EPA-EFE/PETER POWELL

Роберто Манчини, селекторот на Италија и поранешен тренер на Манчестер сити, е убеден дека тренерите на Тотенхен и на Ливерпул имаат среќа што работат во Англија.

Маурицио Покетино пет години е предводник на Тотенхем и досега нема освоено ниту еден трофеј, Јирген Клоп на клупата на Ливерпул се наоѓа три и пол години и најголем успех му се финалињата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Според Манчини, во Серија А, нема теоретски шанси тренер на врвна екипа да ја задржи функцијата пет години доколку не освои никаков трофеј.

– Погледнете ја кариерата на Покетино. Во Тотенхем е пет години, има одличен тим, а не освои ништо. Во Италија би го „убиле“. Истото се однесува и за Клоп. Во Италија од тренерите постојано се бара освојување на трофеи – изјави Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот