Во Ирак зголемен бројот на заразени од коронавирус по посетата на Папата

Во Ирак денеска, две недели по посетата на папата Франциск, која помина со собирање голем број луѓе без носење маска, се регистрирани 5.663 нови случаи на Ковид-19.

Според Министерството за здравство, вкупниот број заразени  Ирачани достигна 768.352 лица и 13.827 смртни случаи.

Покрај лошиот здравствен систем, Ирак доби само 50.000 дози кинеска вакцина од компанијата „Синофарм”, непосредно пред посетата на Папата.

Багдад има план да купи 16 милиони дози вакцини против коронавирус, но Парламентот сè уште не го усвои буџетот за 2021 година.

По повод првата посета на Папата на Ирак, од 5. до 8 март, беа организирани миси во присуство на стотици луѓе кои не носеа маски, како што тоа го прават во секојдневниот живот, иако беа воведени казни. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот