Во германските кафулиња почна да се доплаќа за шеќер и млеко во кафе

Фото : Архива

Во Германија инфлацијата е на високо ниво, па домаќинствата се борат против скапиот бензин, дизелот, струјата и зголемените животни трошоци.

Продавниците и супермаркетите сега ги прилагодуваат цените на асортиманот во редовни интервали. Цената на путерот за неколку месеци порасна од 1,65 на 2,29 евра. Наместо 89 центи, потрошувачите за литар сончогледово масло плаќаат дури 4,99 евра.

Од поскапувањата зафатени беа и угостителските објекти. Храната и пијалокот се поскапи од било кога. Сопствениците на ресторани и барови треба да ги префрлат на гостите растечките трошоци за струја, парно и вработените.

Меѓутоа, наместо да ги зголемат цените на храната, виното или пијалоците, сопствениците на ресторани одат чекор понатаму. Ја намалуваат големината на порциите и служат помали количини пиво и вино, пренесува магазинот „Феникс“, повикувајќи се на „Фокус“.

Како што наведуваат германски медиуми, во се повеќе кафулиња гостите треба да одлучат дали ќе пијат топол пијалок со млеко или шеќер. Чајот и кафето, засладени со малку млеко, понекогаш се поскапи и до 30 центи. И во рестораните, угостителите бараат од гостите да платат ако порачаат, на пример, кечап или мајонез со помфрит. Доплатите се движат од 50 центи до дури едно евро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот