Во Ерусалим уапсени дваесет луѓе непосредно пред почетокот на Рамаза

Ал Акса (арапски: المسجد الاقصى, Al-Masjid Al-Aqsa) е џамија која се наоѓа во Ерусалим. Оваа џамија е една од најпознатите муслимански светилишта / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFAD

Непосредно пред почетокот на Рамазан, израелската полиција приведе 20 жители на источниот дел на Ерусалим во кој доминираат Арапите, соопшти полицијата.

Осомничените, кои беа приведени во последните две недели, се обвинети за поддршка или поттикнување тероризам. Многумина се уште се под истрага, а некои веќе се обвинети, се наведува во соопштението.

Рамазан е свет месец на муслиманскиот пост и оваа година започна синоќа.

Оваа година тензиите во Израел и окупираните палестински територии се особено силни поради актуелната војна во Газа. За време на Рамазан се очекува конфликтот да продолжи на окупираниот Западен Брег и околу светите места во стариот дел на Ерусалим.

Израелската разузнавачка служба Мосад тврди дека исламистичкиот Хамас ќе се обиде да го „запали регионот“ за време на Рамазан во Газа.

Вашингтон претходно почна да врши притисок за договор за прекин на огнот и договорот за ослободување на заложниците да се финализираат до почетокот на Рамазан, но и покрај неколкунеделните напори, разговорите со денови наназад се во застој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот