Во еден ден срушени три рекорди на Светското првенство во брзо лизгање

Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Во главниот град на Канада, Калгари се одржува Светско првенство во брзо лизгање кое има што да понуди.

Имено, дури три репрезентации во еден успеаа да подобрат рекорди во машки спринт. Прво тоа го направи Холандија која постави најдобро време за шест стотинки, а само три минути подоцна домаќинот Канада постави нов рекорд подобар за 13 стотинки. Треба да се спомене дека овој рекорд беше актуелен од 2017 година.

Во истата трка стариот светски рекорд го соборија и Норвежаните, но тој одличен резултат остана во сенка на постигнувањата на Канаѓаните и на Холанѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот