Во домот на скопјанец пронајдени два пиштола

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.К.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

На 11.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на ул.„Дижонска 1“, каде што престојува пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена Застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм. По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот