Во дербито на Западот, Леброн подобар од Харден и Вестбрук (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

ЛА Лејкерс останува најдобат тим во Западната конференција со скор од 34 победи и осум порази.

Лос Анџелес Лејкерс во дербито на вечерта со 124:115 го совлада Хјустон рокетс благодарение на пресвртот во третата четвртина, а во главната улога беше Леброн Џејмс.


Лејкерси имаа негатива од шест поени на полувремето, но резултатот го свртеа во своја корист во третиот дел кој го добија со 32:17. Џејмс натпреварот го заврши со 31 поен и 12 скокови, но во финишот ги натера навивачите во Хјустон да му скандираат „МВП“.

Кајл Кузма даде 23 поени, додека Дени Грин и Кентавиус Калдвел-Поуп завршија со по 20 постигнати поени. Кај Хјустон, Расел Вестбрук постигна 35, а Харден 34 поени кои се покажаа како недоволни за триумф.

Во Источната конференвија, Јанис Адетокумпо со 29 поени и 12 скокови го предводеше Милвоки до победата од 117:97 над Бруклин. На спортивната страна, Кајри Ирвинг постигна 17 поени.


Феникс санс направи вистинско изненандување со триумфот кај Бостон селтикс од 123:119. Најзаслужен за победата беше Девин Букер кој даде 39 поени и имаше 10 скокови, додека во редовите на Бостон најпрецизен беше Маркус Смарт со 37 поени.


Резултати:
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 130: 133
Бруклин – Милвоки 97: 117
Бостон – Феникс 119: 123
Атланта – Детроит 103: 136
Њујорк – Филаделфија 87:90
Чикаго – Кливленд 118:116
Минесота – Торонто 112:122
Хјустон – ЛА Лејкерс 115:124
Голден Стејт – Орландо 109: 95
Оклахома – Портланд 119: 106
Јута – Сакраменто 123: 101

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот