Во Дебар двајца новозаразени со ковид-19, активни на болеста 67

Во последното деноноќие во Дебар се регистрирани две новозаразени лица со КОВИД-19, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата до сега изнесува 120. Битката со вирусот ја добиле 48, починаа петмина, додека активни на болеста се 67 од кои десеттина хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.

Од повторната појава на болеста, на петти јуни, се 69 заразени лица од кои едно е излекувано, додека едно лице на 52-годишна возраст почина вчера во клиниката „Жан Митрев”. Останатите 67 се уште се активни на болеста.

Во изолација и самоизолација се шеесеттина граѓани.

Според надлежните, не се добиени резултати од повеќе земени брисеви. Оправдано се очекува, согласно симптомите што ги имале лицата, бројката на заразени да расте. Причина за тоа, повторуваат, е непочитувањето на мерките и протоколите, како од граѓаните, така и од деловните субјекти.

Полициската статистика, пак, покажува дека поради неносење заштитна маска, во последното деноноќие парични платни налози се издадени на деветтмина дебрани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот