18 C
Скопје

Во Данска пријавен првиот случај на новиот вид на коронавирус од Јужна Африка

Данска го регистрираше првиот случај на позаразниот вид на коронавирус, откриен во Јужноафриканската Република, јави денеска Државниот институт за серуми.

Според Институтот, станува збор за вид на вирус познат како Б.1.351 / 501Y, пренесуваат британските медиуми.

Претходно данските здравствени власти денеска јавија дека во земјата се регистрирани вкупно 256 случаи на инфекција со Б117, исто така позаразен вид на коронавирус, првпат идентификуван во Велика Британија.

Досега во Данска се пријавени 188.199 случаи на коронавирус, а умрени се 1.747 лица.

Данска во средата ја продолжи блокадата за три недели во обид да се намали ширењето на новиот вид за кој властите стравуваат дека ќе биде доминантен до средината на февруари.

Извор:МИА

Прочитајте и...  СЗО проверува друг пазар во Вухан за појавата на коронавирусот: Експертите сметаат дека вирусот се појавил пред појавата на огништето на пазарот во Хуанан

Поврзани вести

Дали Бугарија се подготвува за војна?

Џонсон: Без референдум во Шкотска во блиска иднина

Слободен печат

Дискусија за ретките болести на иницијатива на сопругата на претседателот Пендаровски

Слободен печат

Музичари Роми протестираа во Кичево за враќање на свадбите

МИА Агенција

Навални ја издржува казната во затвор во Владимирскиот регион

Слободен печат

Јавниот превоз во Стразбур ќе биде бесплатен за лица под 18 години

Слободен печат

Остави Коментар