Во Британија намален бројот на новозаразени од коронавирус

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI
Велика Британија забележа најмал број дневни случаи на Ковид-19 од 4 јули и се смета дека неодамнешниот пораст на нови случаи предизвикани од ширењето на новиот Делта сој го поминал својот врв.
Бројот на новоинфицирани паѓа шести ден по ред. Во неделата имало 29.173 случаи, а денеска 24.950 случаи. Вкупниот број новоинфицирани во текот на изминатата недела е за петтина помалку од претходната недела.
Британската влада процени дека ризикот од смрт или хоспитализација е низок поради високата стапка на вакцинација што штити од развој на потешки форми на Ковид-19.
Сепак, многу вработени сè уште отсуствуваат од работа затоа што мора да се изолираат поради контакт со заразени лица.
За време на пандемијата во Велика Британија, 129.172 лица починаа од коронавирус, што е, по Русија, втор по големина официјален број на жртви во Европа.
Велика Британија забележа 14 смртни случаи денеска, помалку отколку во неделата кога имаше 28, најмалку од 12 јули. Сепак, 445 луѓе починаа во последните седум дена, што е за 50 отсто повеќе од претходната недела.
Во Обединетото Кралство повеќе од 70 проценти од возрасната популација е целосно вакцинирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот