Во Борац не се задоволни: Вујовиќ е големо разочарување

Веселин Вујовиќ се надева дека Македонците ќе играат добар ракомет на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Миленикот на Комитите, Веселин Вујовиќ е уште еден чекор поблиску до враќање на клупата на Вардар откако челниците на сегашниот тим Борац Бања Лука изјавија дека се разочарани од него.
– Разочаран сум од Веселин. Тој е едно големо и многу скапо промашување. Многу погрешивме што го ангажиравме. Имаше неверојатни услови за работа, а ние за возврат добивме апсолутно ништо. На крајот се покажа дека ние сме му само попатна станица. Да му помине времето додека се пресели во Скопје – изјави потпретседателот на клубот, Маринко Умичевиќ.

Веселин Вујовиќ досега во тренерската кариера два пати седеше на клупата на Вардар, првиот мандат му беше од 2006 до 2009 година додека во вториот работеше од 2011 до 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот