Во БиХ веќе не е задолжително носење маски на отворено

Владата на Федерацијата БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува препорачаното растојание.

Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб и таа е конечна, соопшти Владата на БиХ.

Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските станици.

Исто така, се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100.000 жители, додека ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и  Посавскиот кантон е особено загрижувачка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот