Во Белгија се следат над 600 наводни џихадисти

Белгиските безбедносни служби следат 652 опасни лица, од кои повеќето се поврзани со џихадизам, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на официјални податоци. Се забележува дека во последно време има зголемување на бројот на случаи на онлајн радикализација.

Некои од оние кои се ставени под надзор се надвор од Белгија, додека останатите се лоцирани главно во Брисел. Настаните во Израел и Газа не доведоа до значително зголемување на заканите за внатрешната безбедност, објаснуваат белгиските служби.

Белгија и натаму останува на третото ниво на закана од терористички напад. Нивото беше подигнато по нападот на 16 октомври во Брисел, кога илегален мигрант од Тунис застрела и уби двајца шведски фудбалски навивачи. Одговорноста за неговите постапки ја презеде терористичката група ИД. Во 2016 година, истата група ја презеде одговорноста за нападите на аеродромот и метрото во главниот град на Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот