Во Ајватовци се гради детско игралиште

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден зaпочна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. На игралиштето ќе бидат поставени повеќе детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. Во наредниот период ќе бидат реконструирани постојните и ќе се изградат нови детски игралишта и во останатите населени места – најавуваат од Општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот