Внимателно возење на мостот „Гоце Делчев“

На мостот „Гоце Делчев“ денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување комплексни градежни активности.

– Поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот денеска во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада (исток-запад). В недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон ТЦ „Мавровка” (запад- исток), се вели во соопштението од Град Скопје.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” соопшти дека викендов, од 5 до 17 часот, поради градежни зафати на мостот „Гоце Делчев” ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот