ВМРО-ДПМНЕ: Заев најави ново задолжување од 700 милиони евра

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра, и тоа пред изборите со што се подгтовува за нов поткуп, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од средата.

Премиерот Зоран Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој граѓанин со нови 22.000 денари, потенцираат од опозицијата.

Предупредуваат дека, со најавеното задолжување, вкупниот долг ќе достигне седум милијарди евра, од кои речиси три милијарди евра се задолжени во последните четири години.

„Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од премиерот Заев бараат да објасни пред македонската јавност каде се потрошени двете милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

„Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има“, се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот