ВМРО-ДПМНЕ: Работењето на Парламентот онлајн е неуставно 

Фото: МИА

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до пладне го немаа добиено предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто би се овозможило вклучување во работата на Собранието на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација.

Пратеникот Иван Јорданов на прес-конференција изјави дека по ова прашање нивниот став е непроменет.

– Досега до нас како пратеници нема стигнато никаква иницијатива, ниту предлог за онлајн работа на Собранието. Нашиот став по однос на ова е веќе познат во јавноста, а тоа е дека ова работење е неуставно според членот 69 од Уставот на Република Македонија, рече Јорданов одговарајќи на новинарско прашање.

Според Јорданов, овој член од Уставот јасно прецизира дека Собранието може да работи, да заседава и да одлучува со присуство на мнозинство пратеници од вкупниот број на пратеници. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот