ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори за експертска влада што нема да ја води Заев

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада доколку ја предводи човек што би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

Ова го посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во партиска реакција на изјавата на Стефан Васев од СДСМ, а по изнесениот став на  премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.

– Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф. Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара. Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија ѝ е потребна нова и поинаква Влада. Заев денеска потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија. Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Васев во изјава денеска истакна дека со месеци Христијан Мицкоски и неколку негови соработници, ја лажеле јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.
– Со месеци Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер. Заради лични калкулации во белиот дворец, Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата. На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец, рече меѓу другото Васев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот