ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на дното по странски инвестиции

Фото: МИА

Македонија со Заев е убедливо на дното по странски инвестиции, од два до четири и пол пати помалку од соседите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заклучно со месец септември 2020 година, во Македонија има помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и Албанија. По глава на жител, за девет месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, а во Албанија и Србија четири и пол пати повеќе. Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата, поради која странските инвеститори бегаат. Не може да се вадат дека корона-кризата е причина за нивото на странски инвестиции, бидејќи корона криза имаа и соседните земји, а кај нив странските директни инвестиции се два до 4 и пол пати повеќе по глава на жител, обвинува опозициската партија во дописот.

Главна причина за отсуство на инвестиции во една земја, според опозицијата, е корупцијата и криминалот на власта.

– Заради криминалната власт која секој ден се богати, народот осиромашува. Поради криминалната власт се задолживме за над милијарда евра нов долг за неколку месеци, а истовремено 54.000 лица останаа без работа. Со Заев, Македонија стана најнесреќната, најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот