ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче сè уште смета дека има услови за избори во Штип?

Фото: Архива на „Слободен печат“

Денеска има 31 мртов човек од корона, 31 семејство е завиено во црно. Неспособниот Венко Филипче треба да одговори дали се уште смета дека има услови за избори во Штип кога нема ден а да нема двоцифрена беојка на мртви од корона, велат од опозицијата.

-Неговите грешки ги покрива земјата. Филипче треба да даде оставка затоа што: Во Македонија бројката на починати е пет пати поголема од онаа на светско ниво. Или во Македонија бројот на починати лица на милион жители е 646, додека пак бројот на починати лица на милион жители, на светско ниво е 171- велат од опозицијата.

Оттаму велат дека, Македонија е на дно по бројката на тестирани лица.

-Словенија која по број на жители речиси колку и Македонија, досега има направено 447.973 тестови, односно 215.470 на милион жители, што е околу 35% повеќе тестирани од Македонија.
Токму поради сите овие факти и поради тоа што граѓаните се оставени сами на себе, одговорност мора да има- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот