Власта во Мексико се чини одлучна во намерата: Подготвени сме да му дадеме азил на Асанж

Фото: EPA-EFE/Sashenka Gutierrez

Мексико е подготвено да му понуди политички азил на Џулијан Асанж и со тоа да ја поддржи одлуката на британскиот судија да одбие екстрадиција на основачот на Викиликс во САД, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.

– Асанж е новинар и заслужува шанса. Јас се залагам за неговото помилување, рече Обрадор. Тој додаде дека Мексико ќе му пружи заштита.

Британската судијка Ванеса Бараитсер денеска соопшти дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (49) нема да биде екстрадиран во САД по обвинението за шпионажа, објаснувајќи дека тоа би била репресивна мерка поради неговата психичка состојба. Таа истакна дека Асанж најверојатно би извршил самоубиство, доколку биде испратен во САД.

Американската администрација соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Обвинителството во САД го обвини Асанж по 17 точки, како и една дека ја злоупотребил употребата на компјутерите околу објавите на Викиликс на воени и дипломатски документи пред една деценија.

Обвиненијата против него би можеле да му донесат и потенцијална затворска казна од 175 години.

Адвокатите на Асанж застанаа во негова одбрана со аргументи дека тој се однесувал како новинар и се повикал на Првиот амандман, кој особено ја нагласува слободата на говорот, за објавување документи што ги откриваат наводните незаконски дејствија на американската армија во Ирак и Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот